ФудбалФутсал

Форца пресилна за Балкан – шест гола на Зоран Левески, сигурна победа за Кеги Моби

Сподели
ФОТО: Futsal Club FORCA
Сподели

Бранителот на двојната круна, Форца, вечерва со 7:17 славеше висока победа над дебитантот од осмата рунда на Првата футсал лига на гостински терен.

Балкан имаше сили само за едно полувреме кога резултатот беше 5:6, а во вториот дел Форца покажа моќ, а пак искусниот Зоран Левески во финишот се „распука“ со серија погодоци.

Ибрахим Алији и Џељаљ Мјаку постигнаа по три гола, а пак Јусуф Сулејмани беше стрелец на еден гол. За гостинот Зоран Левески постигна шест погодоци, Јесус Алејандро Ривар Миранда постигна хет-трик, а пак двојни стрелци беа Јасир Зекири и Елиезер Јосе Линарес Морено, како и Берат Рамадани, а еден гол постигна Игор Рикардо Де Алмеида Постиго, а пак Ибрахим Алији од тимот на Балкан си постигна и автогол.

Кеги Моби вечерва забележа сигурна победа од 3:1 над Јувентус Серава со што трите бодови останаа во Велес. Во првиот дел немаше погодоци, а резултатот го отвори Кирил Ивановски во 24. минута, а потоа во финишот на мечот домаќинот постигна уште два гола преку Трајче Трајков во 35. минута и Бобан Дукадиновски две минути подоцна.

За гостинот утешен гол во 40. минута постигна Фуркан Шабани за ублажување на поразот од 3:1.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Хориха со три гола дебитираше за Македонија, а потоа следуваше вистинска навивачка опсада – меѓу нив и верниот Давор од Кочани!

Македонската ракометна репрезентација доби ново име во своите редови, а Дмитро Хориха уште на дебитантскиот настап успеа да ги освои симпатиите на македонските...

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!