Втора лигаФудбал

Шкендија Арачиново гради тим за Прва лига!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Шкендија Арачиново - Охрид
Сподели

Второлигашот Шкендија од Арачиново има јасна цел и визија – влез во Првата македонска фудбалска лига. Тимот кој го води Љупчо Марковски – Калц одигра одлична сезона и заврши на второто место со бод помалку од лидерот Охрид.

Тимот од Арачиново собра 35 бодови, а пак „рибарите“ имаат 36 бодови по 15 одиграни кола во есенската полусезона.

Шкендија Арачиново минатата сезона заврши на првото место во Трета лига – Север, а во баражот го доби Осогово и така влезе во Втора лига.

Тимот најавува дека ќе биде најактивен на трансфер пазарот, додека некои екипи се’ уште не знаат по кој пат да фатат во пролетниот дел, Шкендија Арачиново има цел и визија.

Тимот веќе промовираше две засилување – се работи за голгетерот Владимир Жоглев и голманот Антонио Столевски, но тука Шкендија Арачиново нема да застане. Според информациите на Спортска Мрежа тимот ќе се засили со уште неколку квалитетни засилување и значително ќе биде подигнат квалитетот во тимот, па со тоа се очекува Шкендија Арачиново во пролетниот дел да биде уште поконкурентна на патот кон влезот во Прва лига.

Пролетната полусезона во Втората лига екипата на Шкендија Арачиново го отвара против Преспа на домашен терен.


Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!