Второлигашот Шкендија Арачиново најавува дека ќе биде најактивен на трансфер пазарот – вечерва беше промовиран Антонио Столевски како нов голман на тимот кој го води Љупчо Марковски – Калц.
Се работи за искусен голман кој треба да донесе дополнителна стабилност на голот на Шкендија Арачиново, а доаѓа од редовите на второлигашот Слога Виница, каде Столевски донесе стабилност на голот и тимот се врати во Втората лига.
Низ својата кариера 23-годишниот прилепчанец настапуваше за Победа, а беше еден од најзаслужните кога пред две сезони Победа се спаси преку баражот совладувајќи го Куманово, беше дел од Кожуф, струшки Караорман, Велешта и Брегалница, а потекнува од школата на Перак.
Претходно, тимот на Шкендија Арачиново се засили со голгетерот Владимир Жоглев, а како што дознава Спортска Мрежа доаѓаат уште неколку квалитетни засилувања. Дефинитивно се гради тим за Прва лига.