ИнтернационалциФудбал

Европска сензација во Скопје – Шкендија го тресна Слован и останува во игра за историска пролет

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Шкендија продолжува да ја пишува својата најуспешна европска сезона. Македонскиот шампион одигра блескаво и пред полни трибини во Скопје го совлада фаворизираниот Слован Братислава со убедливи 2-0, резултат со кој тетовчани остануваат во трката за пласман во нокаут-фазата на Конференциската лига.

Тетовскиот тим уште од првиот свиреж покажа дека не се плаши од реномето на противникот. Агресивниот пристап брзо даде резултат – по изведен корнер во 33. минута, дефанзивецот Бајриќ несреќно ја смести топката во сопствената мрежа, што внесе дополнителна енергија кај домаќините. До паузата, Шкендија успеа да го удвои водството: Роналдо Вебстер започна брза транзиција, помина половина терен и му поднесе иделна топка на Себастијан Спахиу, кој рутински реализираше за 2-0.

Во второто полувреме избраниците на Јетон Беќири одиграа речиси совршен тактички меч. Линиите беа компактни, притисокот контролиран, а Слован практично беше оставен без вистинска можност да се закани. Словачкиот тим мечот го заврши без ниту еден удар во рамките на голот на Гаје – податок што најдобро ја отсликува доминацијата на шампионот од Тетово.

Овој триумф не е значаен само на терен: Шкендија инкасира дополнителни 400.000 евра од УЕФА и ја зголеми вкупната заработка од европските настапи во оваа полусезона на околу 5,5 милиони евра. Успехот позитивно се одрази и на националниот коефициент, со што Македонија се искачува чекор погоре на европската ранг-листа.

По пет кола, Шкендија има седум бодови и се наоѓа на позиција што води во плеј-оф зоната. Во последното коло ја очекува гостување кај АЕК Ларнака – дуел кој може да биде историски. Тетовци ќе одат на Кипар со јасна пресметка: победа или реми сигурно носат место во елиминациската фаза, а дури и минимален пораз може да биде доволен, зависно од другите резултати.

Шкендија веќе го испиша најдобриот резултат на еден македонски клуб во групна фаза на европско натпреварување, но амбицијата очигледно не застанува тука. Европската пролет никогаш не била поблиску.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс му се доближува на бод со победа, Вардар во Кратово може да ја намали разликата до врвот

Силекс освои 11 од своите 17 бода во Кратово. В сабота, 7 ноември од 13 часот, таму го пречекува Вардар, кој има 21...

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе...

Прва лигаФудбал

Вареловски: Ќе дадеме се од себе трите бода да останат во Кавадарци

Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...

Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!