Трета лигаФудбал

Третолигашот Еуромилк ГЛ се засили со Димитар Стојановски

Сподели
ФОТО: ФК Еуромилк ГЛ
Сподели

Есенскиот шампион во Трета лига – Север, тимот на Еуромилк од Горно Лисиче го промовираше првото зимско засилување – официјално нов играч е Димитар Стојановски.

Поранешниот прволигаш кој нема пораз во есенскиот дел во Трета лига – Север цели кон враќање во Втора лига, се подготвува за пролетниот дел, но се гради тимот повеќе и за баражот за можен влез во ВМФЛ.

Стојановски е 20-годишен фудбал кој потекнува од фудбалската школа на Силекс, низ својата кариера беше дел од младинските категории на Њу Старс и Вардар, а настапуваше и за третолигашите Овче Поле и Пчиња.

„Со голема чест и уште поголеми амбиции го претставуваме најновиот играч во нашиот тим! Фудбалер со страст, борбеност и победнички менталитет — токму профилот што го бараме за да одиме чекор погоре. Брзина. Вештина. Тимски дух. Подготвен да остави срце на терен и да го носи дресот со гордост“, истакнаа од ФК Еуромилк ГЛ по промоцијата на Стојановски.


Во есенскиот дел на Трета лига – Север екипата на Еуромилк ГЛ стигна до учинок од 12 победи и едно реми и 37 бодови на своето конто, пет повеќе од второпласираниот БВК Коњаре.

Пролетниот дел од сезоната тимот од Горно Лисиче го отвара на домашен терен против Студеничани.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 9. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Кошарка

(ВИДЕО) 30 години од историската победа на МЗТ Скопје над Реал Мадрид – вечерта кога „Лименката“ го сруши шпанскиот гигант!

На денешен ден, 6 ноември, пред точно 30 години, македонската кошарка испиша една од своите најславни страници. МЗТ Скопје Аеродром во незаборавна атмосфера...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!