Како што пред малку објави ГРК Охрид, нивниот среден бек, Ловро Јотиќ, ја извршил неопходната операција на предниот вкрстен лигамент и интервенцијата поминала успешно.
Повредата ја заработи на дуелот со Тиквеш во 5. коло, одигран во СРЦ „Билјанини Извори“.

По деталните прегледи и консултациите со специјалисти, беше одлучено дека хируршката интервенција е единствен начин за целосно закрепнување.
Клубот му посака брзо и успешно враќање на терените, а целата екипа стои зад него во процесот на рехабилитација.
Оптимистичките медицински прогнози носат надеж дека Јотиќ ќе се врати посилен и подготвен за нови предизвици.
Јотиќ е еден од клучните организатори на играта и важен дел од системот на Охрид. Неговата енергија, брза игра и преглед на теренот ќе му недостигаат на тимот во претстојниот период, додека трае опоравувањето.