Вечерва во СРЦ „25 Мај“ италијанскиот гигант Алијанц Милано во моќно издание го доби македонскиот вицешампион Штип УГД со 3-0 во сетови, во првиот меч од 1/16 финалето на Челинџ Купот.
Сите дилеми се решени – на реваншот Италијанците само ќе треба да ја потврдат високата победа од Радовиш и да обезбедат следна фаза од оваа европско натпреварување.
Уште во првиот сет Алијанц Милано со 12:25 го доби првиот сет и покажа зошто е апсолутен фаворит, а во вториот сет тимот во кој има репрезентативци на Белгија, Италија, Бразил, Јапонија, Финска, беше подобар со 14:25
Во третиот сет македонскиот тим беше поразен со 20:25 за конечни 0-3 о сетови.
- АТМОСФЕРАТА ОД ЗАВРШНИЦАТА ОД МЕЧОТ ВО РАДОВИШ:
Уште пред самиот меч тренерот на Штип УГД, Кристиан Ристески нагласи дека тоа е тим од светски ранг и можеби најсилниот тим кој пристигнал во Македонија, но сепак најавија дека нема да излезат со бело знаменце и се обидуваа да парираат, но сепак Алијанц Милано е голем гигант и лесно се справи за Штип УГД.
Реваншот е закажан за 6 јануари 2026 година, а се очекува лесно италијанскиот тим да обезбеди уште една рутинска победа за следна фаза од оваа европско натпреварување.