Останато

Одличен настап на БК Бучим Радовиш на меѓународниот турнир „Победник“ во Белград

Сподели
ФОТО: БК Бучим Радовиш
Сподели

Борачите на БК Бучим Радовиш, предводени од тренерот Влатко Анчев, имаа извонреден настап на меѓународниот турнир „Победник“, кој овој викенд се одржа во Белград, Србија.

Радовишани уште еднаш покажаа дека се меѓу најквалитетните во регионот, освојувајќи вкупно четири медали, од кои три златни и еден сребрен.

Златни медали освоија Илија Танчев, Мехмет Усинов и Димитар Атанасов, додека пак сребрен медал освои Младен Ефтимов.

Овој резултат претставува огромен успех за клубот и потврда за континуираната и квалитетна работа на тренерскиот тим и младите борци.

Турнирот „Победник“ е еден од најреномираните во регионот, со учество на силни екипи од повеќе држави, што уште повеќе го нагласува успехот на борачите од Радовиш.

БК Бучим Радовиш продолжува да гради имиџ на клуб кој постојано создава шампиони и носи медали на меѓународната сцена.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!