Прва лигаФудбал

Ајдини: Пелистер знае да биде опасен, нашата цел е да ја завршиме полусезоната со победа!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Арсими денес на домашен терен ќе се соочи со Пелистер, натпревар со кој се затвара есенската полусезона во Првата македонска фудбалска лига.

Двете екипи играат важен дуел, трите бодови се императив и за двете страни кои сакаат со победата да ја завршат есенската полусезона.

Фудбалерот на Арсими, Ринор Ајдини, вели дека мора да влезат концентрирани, бидејќи како што нагласува Пелистер знае да биде опасен, дополнува дека нивната цел е јасна, со победа да се заврши есенската полусезона.

“Овој натпревар е исклучително важен за нас. Сме во позитивен момент по победите над Шкендија и пред неколку дена против Силекс во Кратово, но тие победи добијат целосна вредност само ако успееме да славиме на овој натпревар. Мора да влеземе концентрирани и без потценување, затоа што Пелистер знае да биде опасен. Нашата цел е јасна, да ja завршиме полусезоната со победа. Работевме многу и веруваме во нашите сили. Се надеваме дека навивачите ќе бидат со нас, затоа што нивната поддршка ни дава дополнителна енергија”, вели Ајдини.

Натпреварот меѓу Арсими и Пелистер од 16. коло на ПМФЛ се игра на Градскиот стадион во Гостивар, со почеток од 13 часот.


Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Арсими – Пелистер

Со натпреварот меѓу Арсими и Пелистер се затвара есенската полусезона, мечот од 16. коло на Првата лига се игра на Градскиот стадион во...

Прва лигаФудбал

Ајдини: Пелистер знае да биде опасен, нашата цел е да ја завршиме полусезоната со победа!

Арсими денес на домашен терен ќе се соочи со Пелистер, натпревар со кој се затвара есенската полусезона во Првата македонска фудбалска лига. Двете...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Арсими – Пелистер

Со натпреварот меѓу Арсими и Пелистер се затвара есенската полусезона, мечот од...

Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

Младински фудбалФудбал

Брера Струмица есенски шампион во младинската Суперлига

Младинскиот тим на Брера Струмица ја заокружи есенската полусезона со највисок можен...

ФудбалФутсал

Железарец го доби дербито со Црна Река, Каршиака ги собра бодовите во Пробиштип!

Железарец останува непоразен лидер откако го доби дербито со Црна Река –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!