Турнири

ФОТО: Пицерија Дивино со лото победа, Џокер Фурка со убедлива победа на „Стојаково 2025“

Сподели
Сподели

Вечерва се одиграа нови четири возбудливи натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ – два натпревари кај јуниорите и два натпревари кај сениорите.

Интересно е тоа што сите натпревари понудија многу голови. Кај јуниорите генерација 2012/2013 екипата на Дојранско Езеро со убедливи 9:0 го декласираше тимот на Кирил и Методиј од Стојаково.

Во вториот меч Mild Home Store со 5:3 забележа триумф над екипа на Уни Глобал Логистик.

Публиката проследи два атрактивни натпревари кај сениорите. Џокер Фурка со 6:2 го декласираше тимот на Илинден 2007, додека пак во вториот меч Пицерија Дивоно ја доби голеадата со лото победа од 3:7 над Тобако Марија Дизле Кале.

Салата вечерва одново беше исполнета до последното седиште, а публиката уживаше во добриот фудбал и многуте погодоци на сите натпревари.

Утре на програма ќе бидат нови четири меча, вечерта се отвара во 18 часот со мечот меѓу Диана Шпед и Кико Кидс кај јуниори 2014/2015, а половина час подоцна Џокер Фурна ќе игра со У10 кај јуниори 2012/2013.

Во 19 часот кај сениорите екипата на Такси Ага ќе игра со Електро Петар, а пак во 19:45 ќе започне мечот меѓу Тобако Лени и Еклер Транс од Пепечиште.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ со учинок од десет победи, едно реми и еден пораз,...

Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот на Јехона, во меч од 11. коло каде уште од самиот...

Поврзани написи
Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со...

Турнири

ВИДЕО: Стефан Ристов најдобар играч, Детонит Плачковица блесна на „Football Winter Mini Cup 2025“ во Богданци

Младите таленти на радовишки Детонит Плачковица од генерациите 2014 и 2015 имаа...

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно,...

Турнири

Пријавувањето за турнирот „Стојаково 2025“ влегува во финиш – побрзајте!

Традицијата продолжува, а интересот расте – остануваат уште само две дена до...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!