Втора лигаФудбал

ВИДЕО: „Винари Неготино“ се простија од својот брат Миле Тодоров

Сподели
ФОТО: НГ Винари Неготино
Сподели

Навивачката група „Винари Неготино“ денеска со голема тага и болка се прости од својот член и брат, Миле Тодоров, кој беше погребан на градските гробишта во Неготино. Голем број на другари, пријатели, сограѓани и навивачи дојдоа да го испратат во неговиот вечен дом, придружени со тишина, солзи и силни емоции.

Миле (28) исчезна во јануари оваа година, а по него месеци трагаа семејството, пријателите и полицијата. Трагичниот епилог дојде пред неколку дена кога неговото безживотно тело било пронајдено на во неготинско на локација која ретко била посетувана. Поради состојбата во која бил пронајден, било потребно време за идентификација и обдукција.

Првичните информации не укажуваат на насилство или кривично дело, но истражните постапки и понатаму се во тек.

Неговата сестра Марија преку социјалните мрежи објави дека Миле е починат, со што се потврди трагичната вест која силно го погоди цело Неготино.

„Почивај во мир, брате наш. Никако нема да те заборавиме — засекогаш ќе бидеш дел од нас. Последен поздрав, брат СКЕЧО… поздрави ги браќата горе“, истакнаа верните „Винари“.

Неговите пријатели велат дека Миле засекогаш ќе остане дел од „Винарите“, дел од Неготино и дел од сите кои го познавале.


Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!