Ракомет

Вардар ја продолжи перфектната низа против Тиквеш и подготвен влегува за дербито во Битола

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Вардар 1961 запиша нова сигурна победа во Суперлигата, совладувајќи го Тиквеш со 31-27 во СЦ „Јане Сандански“. Со овој триумф „црвено-црните“ ја продолжија неверојатната серија од 15 победи во исто толку натпревари и со огромна самодоверба го чекаат дербито против Еурофарм Пелистер.

Средбата против Тиквеш донесе очекуван почеток – гостите кратко се држеа резултатски, но Вардар брзо го презеде контролата. Преку агресивна одбрана и лесни голови во транзиција, актуелниот шампион создаде предност која стабилно ја одржуваше до паузата (18-12).

И во вториот дел вардарци продолжија да ротираат, но и покрај тоа останаа постојано чекор пред својот противник. Тиквеш имаше неколку мини-серии со кои го намалуваше резултатот, но никогаш не стигна доволно близу за да внесе вистинска драматичност во натпреварот. Вардар искусно го менаџираше темпото и во финишот ја обезбеди новата победа.

Кај домаќините, најистакнати беа Харуки Кавада и Урош Митровиќ со по пет гола, додека Дмитро Хориха додаде четири реализаторски погодоци. За Тиквеш, Димитар Коцев блесна со ефективни осум гола, а Магду Ахмед постигна седум.

Вардар со максимални 30 бода останува цврсто на врвот пред пресметката со најголемиот конкурент – Еурофарм Пелистер, меч кој ќе се игра на 13 декември во салата „Боро Чурлевски“ и кој може да го одреди текот на борбата за првата позиција.


Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Македонската футсал репрезентација поразена на гостувањето во Финска

Футсал репрезентацијата на Македонија со пораз го започна квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство. На гостувањето во Финска, нашите футсалци загубија убедливо...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Адамовска: Подмладениот состав има натпреварувачки дух и желба за успех

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија утре (среда) ги започнува настапите во претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Прв предизвик за избраничките...

Поврзани написи
Ракомет

Големото ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид ќе се игра во друга сала!

Големото скопско ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид, во рамките на 10....

Ракомет

Дербито меѓу Вардар и Алкалоид во малата сала на „Јане Сандански“

Вардар 1961 и Алкалоид ќе го одиграат дербито од 10. коло во...

Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!