Македонскиот женски одбојкарски првак Јанта Волеј Кисела Вода ја заврши својата европска авантура во дебитантската сезона, откако во 1/16 финалето од ЦЕВ Купот загуби на реванш натпреварот на гостински терен од Младост Загреб со 0:3 (25:11, 25:16, 25:22).
Нашиот претставник најголем отпор понуди во третиот сет, кој целосно го одигра рамноправно до резултат 21:21. Сепак, хрватскиот тим остана постабилен во завршницата и со мини-серија од 4-1 ја обезбеди максималната победа.
Јасмин Ледесма со седум освоени поени беше најрасположена во редовите на Јанта, додека Бојана Мароевиќ и Татјана Јаневиќ додадоа по пет.
Учесницата во својата прва европска сезона остави силен впечаток, особено со двете историски победи над Гацко (3:2) во квалификациите за Лигата на шампионите, со кои ја помина првата рунда. Во продолжение, во втората квалификациска фаза налета на исклучително квалитетниот француски состав Волеро Ле Кане, кој ја спречи да стигне до групната фаза на елитното натпреварување.
По елиминацијата од Лигата на шампионите, Јанта Волеј КВ го продолжи европскиот поход во ЦЕВ Купот, но во дуелот со Младост Загреб во 1/16 финалето ги загуби двата натпревари со идентични 3:0.