Младински фудбалФудбал

АП Брера води убедливо – Струмичани есенски шампиони во Младинската Супер лига

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

АП Брера ќе го заврши првиот дел од Младинската Супер лига на првата позиција, откако денеска со убедливи 5:0 го совлада Арсими и си обезбеди четирибодна предност пред Работнички и Вардар. Стрелци на головите за стручничани беа Бојан Велков, Габриел Талески, Марио Митрев, а Иван Танчев двапати ја затресе противничката мрежа.

Работнички беше импресивен со 10:1 против Тетекс – хет-трик постигнаа Ердин Шабани и Дитмир Хоџа, додека Беркај Шаини даде два гола. По еднаш погодија Јован Коцески и Кренар Хоти, а за Тетекс единствениот погодок го постигна Феми Велија. Вардар триумфираше над Струга ТЛ со 3:2, со погодоци од Иво Марковски, Никола Ристевски и автогол на Елис Жута, додека за струѓани двата гола ги даде Јусуф Доко.

Македонија ЃП до важни три бода стигна со победата над Охрид Лихнидос од 1:0, преку Бесмир Исмани. Њу Старс со 2:1 го доби градското дерби против Шкупи. Во останатите средби, Шкендија ја декласираше Брегалница со 6:0, Пелистер славеше убедливи 5:1 против Скопје, додека Башкими како гостин го совлада Тиквеш со високи 6:0.

По 17 кола, АП Брера води со 40 бодови, пред Работнички и Вардар со по 36, додека Македонија ЃП е четврта со 31. Потоа следат Њу Старс (25), Шкупи (24) и Брегалница (22).


Во последното коло кое ќе го заокружи првиот дел од сезоната, АП Брера гостува кај Башкими, Работнички ќе се соочи со Скопје, Вардар гостува кај Арсими, Македонија ЃП патува во Штип на дуел со Брегалница, Њу Старс е домаќин на Тиквеш, а Охрид Лихнидос го пречекува Шкупи. На програмата се и градското дерби Тетекс – Шкендија и дуелот Струга Трим Лум – Пелистер, што гарантира возбудлива завршница на есенскиот дел.

Сподели

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч од 15. коло на ракометната Суперлига. Следете го мечот во живо.

Поврзани написи
ФудбалФутсал

ТАБЕЛА: Проект непоразен на врвот, доста екипи израмнети на средината, Мал Ајакс и Осогово на дното

Конечно се комплетираше Првата футсал лига со сите одложени средби, а со...

ФудбалФутсал

Форца во второ полувреме го доби Клими

Актуелниот шампион Форца со одлично второ полувреме го доби Клими за триумф...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

ФудбалЧетврта лига

Средба Божинов – Илиев: Поддршка за ФК Огражден и нови инвестиции за стадионот во Ново Село

Градоначалникот на општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов, оствари работна средба со претседателот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!