Трета лигаФудбал

Камјани е есенски шампион во Трета лига – Запад, Љуботен на дното

Сподели
ФОТО: ФК Камјани
Сподели

Заврши есенската полусезона во Трета лига – Запад со одигрување на натпреварите од 11. коло, а есенски шампион е тимот на Камјани, кој со убедливи 3:0 го доби конкурентот Влазерими и така се зацврсти на челната позиција.

Резултатот беше отворен уште во 7. минута со голот на Ибраим Јусуфи, а во 24. минута Блеранд Ќамили зголеми на 2:0. Во вторитот дел Сокол Исеини ги постави конечните 3:0.

Џепчишти одигра фантастично на мечот со Скендербеу и ги собра бодови откако славеше со 5:0. Селмани постигна три гола, а по еден гол Азиз и Беќири, за гостинот само Аљиу беше единствен стрелец.

Вардар Брвеница со 4:2 го доби тимот на Речица на домашен терен благодарение на двата гола на Антовски, и погодоците на Ангелески и Ѓорѓиевски, а пак за гостинот погодија во првиот дел Шаќири и Матоши со што гостинот имаше два гола предност, но на крај сепак загуби.

Претходно како што објави Спортска Мрежа бодовите ги поделија Љуботен и Дрита, а Напредок ја доби Ренова, извештајот за овде мечеви можете да го прочитате овде.

Комесарот за делегирање на судии во Трета лига – Запад, Музафер Исмаили за Спортска Мрежа истакна дека е задоволен од тоа како се заврши есенската полусезона.

„Успешно заврши есенската полусезона во Трета лига – Запад, им благодарам на сите за соработката. На сите клубови им посакувам поголеми успеси во пролениот дел и успешна да биде и пролетната полусезона“, кратко ни изјави Музафер Исмаили.


Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ➖ ФК КАМЈАНИ 10 9 0 1 28 9 +19 27
2 ➖ ФК ВЛАЗЕРИМИ Ј 1977 10 7 1 2 25 16 +9 22
3 ➖ ФК ВАРДАР 2022 с.Брвеница 10 7 0 3 25 14 +11 21
4 ➖ ФК НАПРЕДОК 1928 Кичево 10 6 1 3 20 15 +5 19
5 ➖ ФК ФЦ ЏЕПЧИШТИ 1996 10 5 1 4 20 16 +4 16
6 ➖ ФК ДРИТА 94 10 4 1 5 19 25 -6 13
7 ➖ ФК РЕНОВА АД 10 3 1 6 23 26 -3 10
8 ➖ ФК РЕЧИЦА 10 2 3 5 19 22 -3 9
9 ➖ ФК ДОБРОШТИ 10 2 2 6 19 24 -5 8
10 ➖ ФК СКЕНДЕРБЕУ 10 2 2 6 10 24 -14 8
11 ➖ ФК ЉУБОТЕН 10 1 2 7 7 24 -17 5
12 ➖ ФК ЗАЈАЗИ 0 0 0 0 0 0 0 0

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч од 15. коло на ракометната Суперлига. Следете го мечот во живо.

Поврзани написи
ФудбалФутсал

ТАБЕЛА: Проект непоразен на врвот, доста екипи израмнети на средината, Мал Ајакс и Осогово на дното

Конечно се комплетираше Првата футсал лига со сите одложени средби, а со...

ФудбалФутсал

Форца во второ полувреме го доби Клими

Актуелниот шампион Форца со одлично второ полувреме го доби Клими за триумф...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

ФудбалЧетврта лига

Средба Божинов – Илиев: Поддршка за ФК Огражден и нови инвестиции за стадионот во Ново Село

Градоначалникот на општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов, оствари работна средба со претседателот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!