ФудбалФудбалска репрезентација

Благоја Милевски повеќе не е селектор на репрезентацијата!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница одлучи да не го продолжи договорот со селекторот на А репрезентацијата, Благоја Милевски, чиј мандат истече на 30 ноември 2025 година. Милевски беше дел од работата на најважните репрезентативни селекции уште од 2014 година.

Милевски ја предводеше македонската А селекција од 1 август 2021 година и во тој период одигра 48 натпревари, во кои запиша 18 победи, 14 ремија и 16 порази. Под негово водство, Македонија двапати избори бараж за Светско првенство, го освои првото место во Ц лигата од Лигата на нации и обезбеди настап во повисокиот ранг – Б дивизијата.

Од ФФМ упатија искрена благодарност до Милевски и неговиот стручен штаб за посветената работа, професионалниот пристап и остварените резултати. Федерацијата му посака успех во понатамошната тренерска кариера.

Одборот смета дека А репрезентацијата има потреба од „нова енергија“ и поинаков мотив за претстојните предизвици, со надеж дека новиот стручен тим ќе донесе дополнителна конкурентност и амбиции во настапите на националниот тим.

ФФМ потенцира дека останува целосно посветена на создавање најдобри услови за работа и максимална поддршка за репрезентацијата.

Најдоцна до 25 декември 2025 година ќе биде донесена одлуката за името на новиот селектор на Македонија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч од 15. коло на ракометната Суперлига. Следете го мечот во живо.

Поврзани написи
ФудбалФутсал

ТАБЕЛА: Проект непоразен на врвот, доста екипи израмнети на средината, Мал Ајакс и Осогово на дното

Конечно се комплетираше Првата футсал лига со сите одложени средби, а со...

ФудбалФутсал

Форца во второ полувреме го доби Клими

Актуелниот шампион Форца со одлично второ полувреме го доби Клими за триумф...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

ФудбалЧетврта лига

Средба Божинов – Илиев: Поддршка за ФК Огражден и нови инвестиции за стадионот во Ново Село

Градоначалникот на општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов, оствари работна средба со претседателот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!