Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Селекторот Марјан Илиевски: Се создава нешто позитивно во репрезентацијата

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

По двата меча и двете победи за Македонија, селекторот Марјан Илиевски и неговите избраници имаат повеќе од солидна основа за позитивна ретроспектива на ноемврискиот ФИБА прозорец. Македонија стартуваше убедливо во претквалификациската група „А“ за Евробаскетот 2029, каде по две кола го дели врвот со селекцијата на Луксембург – нашиот следен противник во февруари во Скопје.

По драматичната победа во Даблин, Илиевски го сумираше впечатокот:

„Им честитам на играчите. Од лош почеток се вративме во мечот, ја добивме втората четвртина и од третата делувавме поинаку – со поцврст карактер и без дозволување двоцифрена разлика. Игравме ’кош за кош’, одговоривме на агресивната одбрана на Ирска иако имавме проблеми со нивниот офанзивен скок. Тие 20 поени од втора шанса ги држеа во резултатска рамнотежа“, вели селекторот.

„Ова е голема гостинска победа. По само три дена заедничка работа успеавме да го реализираме планот. Горд сум на секој играч – од оние со најголема минутажа, до тие што не влегоа но ја држеа хемијата во тимот. Сите беа поддршка еден за друг.“

Илиевски останува внимателен кога станува збор за февруарските предизвици, имајќи го предвид краткиот период за подготовка во репрезентативните прозорци.

„Не можеме да зборуваме за форма од сега. Сè зависи од моменталната состојба во клубовите и здравствениот биланс. Луксембург покажа квалитет и против Ирска и против Азербејџан – ривал со многу сличен профил како нашиот последен противник.“

И покрај повредите во тимот, атмосферата е на високо ниво:

„Се создава нешто позитивно. Кога никој не се штеди и сите функционираат како колектив – тоа е најсилниот сигнал дека сме на добар пат.“

Македонија го завршува ноемврискиот прозорец со максимален ефект и сериозна надеж за место во следната фаза од квалификациите за Евробаскет 2029.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!