Кичевски Напредок со 1:3 славеше над Ренова во Џепчиште во последното есенско коло на Трета лига – Запад.
До победата екипата на Напредок стигна преку пресврт, откако на полувреме популарните „гипсари“ имаат гол предност – во 31. минута прецизен беше Ерзен Ходаи.
Во второто полувреме во дербито на некогашните прволигаш, Напредок направи комплетен пресврт. Осман Исмаили во 54. минута погоди за 1:1, а пак Вецко Вренцоски во 77. минута за комплетен пресврт. Во 88. минута Јован Никодиноски стави печат на високата и убедлива победа.
Љуботен со реми против Дрита и освоен бод во рамки на 11. коло ја затвара 2025 година.
Резултатот во Брвеница беше отворен со автоголот на Теодор Стојанов за водство на Дрита од 0:1 веќе во 15. минута. Сепак, по седум минути Филип Бимбилоски погоди за 1:1 на полувреме.
Во вториот дел Теодор Стојанов ја поправи грешката од првиот дел и погоди во 50. минута за 2:1 и водство на Љуботен, но истото траеше само петнаесетина минути кога Бесарт Абази погоди за конечни 2:2.
Колото се комплетира утре со останатите мечеви.