Некогашниот второлигаш Слога Виница е на добар пат да се врати во Втората лига, а со тоа Виница одново да следи второлигашки фудбал. Екипата предводена од штипскиот стратег Емил Грнев доминира на теренот и на секој меч го декласира противниците кои немаат можност да парираат, барем на овие сум натпревари.
На второто место на Истокот е Овче Поле со 16 бодови, екипата која во сезона 2022/2023 играше бараж за влез во Втора лига, но во баражот беше декласирана со 4:1 од Арсими, екипа пак која сега е на добар пат да дојде до Прва лига.
- ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ИСТОК 7. КОЛО:

Во Трета лига – Југ ништо ново, Големо Коњари ја зголемува бодовната разлика и сака бараж за Втора лига. Екипата која лани беше есенски шампион, но во пролетниот дел не го издржа притисокот сега е на врвот со 21 бод на своето конто.
На второто место во Трета лига – Југ е новиот третолигаш Башкими 2008 со 15 бодови на своето конто
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЈУГ 8. КОЛО:

По седум кола во Трета лига – Југозапад екипата на Преспа од Ресен е на врвот од табелата со 16 бодови. Преспа сезонава игра одличен фудбал, засилена со неколку добри играчи има реални шанси да направи изненадување и да дојде до баражот за Втора лига, ако продолжи со одличните игри како до сега. Со скор од пет победи, едно реми и еден пораз со најдобра одбра Преспа игра допадлив фудбал.
На второто место е некогашниот второлигаш Кораби од Дебар кој лани него помина баражот за Втора лига како шампион на Трета лига – Југозапад, па сега има 15 бодови и се наоѓа на второто место.
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД 7. КОЛО:

Ланскиот шампион Влазерими е лидер во Трета лига – Запад со 19 бодови и скор од шест победи, едно реми и еден пораз, додека пак Тетекс е втор со ист број на бодови, но со меч помалку, а „штофарите“ кој лани испаднаа од Втора лига имаат скор од шест победи и едно реми, а со тоа важат за единствена екипа во Трета лига – Запад која нема пораз.
Овие две екипи ќе водат сериозна борба кој да биде прв и да игра бараж за Втора лига.
НАПОМЕНА: Официјално мечот меѓу Речица и Напредок се’ уште не е регулиран.
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЗАПАД 8. КОЛО:

Шкендија Арачиново со меч помалку е на првото место на табелата со 19 бодови на своето конто, еден повеќе од второпласираниот Еуромилк ГЛ, со тоа што поранешниот прволигаш има одиграно натпревар повеќе во однос на екипата од Арачиново.
Во сите анализа на Спортска Мрежа во минатото истакнавме дека Шкендија Арачиново ќе биде голем и главен фаворит за првото место и баражот за Втора лига и засега работите одат според нашите анализа.
На третото место е Беса Влазрими која има ист број на бодови како Еуромилк ГЛ односно 18 бодови, а пак Фортуна е на четвртото место со 17 бодови.
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – СЕВЕР 8. КОЛО:

Тоа што постојано Спортска Мрежа го истакнува е дека шампионите во Трета лига треба да имаат загантираат директен влез во Втора лига, која е поентата да бидете шампиони и да играте бараж и доколку сте поразени останувате како шампион одново во ист ранг на натпреварување.
Во сите анализа на Спортска Мрежа потенцираме и ќе потенцираме дека баражите треба да се укинат, а да се овозможи директен влез во Втора лига, за што имаме подготвено анализа, а притоа подготвуваме и нови анализи и спортски дебати во однос на оваа прашање.
- АНАЛИЗА НА СПОРТСКА МРЕЖА: Треба ли шампионите во Трета лига да играат бараж за Втора лига?