ФудбалФутсал

Проект преку Благојевски го „тресна“ Кеги Моби, Осогово со голема победа над Црна Река!

Сподели
ФОТО: КМФ Проект | АРХИВА
Сподели

Нов пораз за Кеги Моби или вкупно три порази, овој пат од повратникот проект со резултат од 3:6. Фаворитската улога беше на страна на гостинскиот тим кој во вториот дел го доби убедливи домаќинот, откако во првиот дел во Велес резултатот беше 2:3.

За домашниот тим стрелци беа Николовски, Ристовски и Дукадиновски, а пак за Проект четири гола даде Марио Благојевски, а по еден гол постигнаа Анчевски и Гавровски.

Шкупи убедливи 6:2 лесно го декласираше тимот на Клими од Кавадарци, каде Исмет Цека постигна хет-трик за домашниот тим, а по еден гол постигнаа Сефери, Мемедов и Алили, а пак за гостинот Никовиќ и Аризанов беа стрелци.

Осогово запиша победа во меч со единаесет погодоци над Црна Река од конечни 7:4. Домашниот тим беше фаворит за трите бодови, а фавортиската улога беше оправдата со што трите бодови останаа во Крива Паланка.

Давид Ристовски постигнат два гола, а по еден гол постигнаа Павловски, Станојковски, Тодоровски и Ангеловски, а последниот гол беше дело на Кристијан Ристовски. За гостинот од Кавадарци Димов и Гацев постигнаа по еден гол, а пак Коцев беше стрелец на два гола.

Четвртото коло беше отворено со победата на Железарец од 4:1 над Бутел во меч каде Крстевски, Богевски, Скепаровски и Цветковски беа стрелци за домашниот тим кој лесно прокнижи три бода, а за гостинот единствен стрелец беше Тодоровски.

Колото ќе биде комплетирано вечерва со дуелот меѓу шампионот Форца и Јувентус Серава во меч каде домашниот тим е апсолутен фаворит за нов триумф.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење „World Shuai Jiao Games 2026“, кои се одржуваат во Монтесилвано,...

Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Осогово не се појави во Велес, службена победа за Кеги Моби

Денешниот меч од 1. коло на Првата футсал лига во Велес меѓу...

Втора лигаФудбал

Крсте Крстев поднесе неотповиклива оставка, Осогово останува без тренер по седум кола

Крсте Крстев повеќе нема да биде шеф на стручниот штаб на Осогово....

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби дуелот со Башкими, тежок пораз од 15 гола за Победа Валандово, Ржаничино убедлив

Билјанини Извори продолжува во победнички ритам откако на гостувањето кај Башкими славеше...

Трета лигаФудбал

Дрита „испука петарда“, три бода за Вардар Брвеница, Љуботен со минимален пораз

Убедлива победа од 1:5 забележа Дрита над Скендербег од 5. коло на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!