Обилните врнежи кои ја зафатија Македонија направија сериозен проблем на фудбалските терени – се одложува уште еден натпревар.
Теренот на Градскиот стадион во Виница е поплавен, а тоа е причина за одложување на натпреварот меѓу Слога и Охрид од 15. коло на Втората лига.
Претходно, од оваа рунда се одложи и натпреварот меѓу Детонит Плачковица и Скопје, откако теренот во Радовиш е под голема количина на вода и нема никакви услови за фудбалска игра.
Денес, се одигра натпреварот од 15. коло на Првата лига меѓу Силекс и Арсими, но сцените од Кратово беа како „ватерполо“ натпревар.
Сега се отвара прашањето дали воопшто ќе има услови и за одигрување на останатите натпревари од последното есенско коло на Втора лига.
Неофицијално, како што дознава Спортска Мрежа и други второлигаши барале одложување на натпреварите од утрешното 15. коло, на потег е ФФМ.