Кошарка

Триумф на EUROEDIL HOLDING против САД на стартот од Red Bull турнирот 3×3 во кошарка во Дубаи

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Момците од EUROEDIL HOLDING го отворија учеството на престижниот Red Bull Half Court 3х3 турнир во кошарка во Дубаи со убедлива победа против екипата од Соединетите Американски Држави, завршувајќи го натпреварот со резултат 13-7. Победата им донесе важни бодови во рамки на групната фаза и ја потврди нивната сериозна амбиција за висок пласман на завршниот турнир.

Екипата, составена од две братски двојки, кои се одликуваат со репрезентативно искуство – Елвис и Амар Хот, како и Карло и Паоло Блажевски – минатата година исто така го освојуваа турнирот Red Bull Half Court, кој веќе трета година по ред се одржува на добро познатиот терен во Влае. Искуството и хемијата меѓу играчите се покажа како клучен фактор за стартниот успех во Дубаи.

Следни пред нив се натпревари против екипите од Малдиви и Јужна Африка, со што групната фаза ќе биде комплетирана. Финалето е закажано за утре, на 29. ноември, а фановите со нетрпение очекуваат дали EUROEDIL HOLDING ќе успее да ја одбрани титулата и оваа година на меѓународната сцена.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

Кошарка

Вардар и Бадел без пораз по четири кола, Крива Паланка го доби дербито со Баскет Кам – следува битка за врвот!

Вардар и Бадел 1862 продолжуваат со максимален ефект во „Шпаркасе Лајф“ Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!