Втора лигаФудбал

Шкендија Арачиново доби казна забрана за присуство на публика на четири натпревари и парична казна од 4.000 евра

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Дисциплинската комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), на денешната седница ги донесе следните одлуки. По разгледување на извештаите од делегатите и судиите, како и доставените приговори од клубовите, Комисијата изрече повеќе дисциплински мерки согласно правилниците на ФФМ.

Комисијата ги донесе следниве одлуки:

  • Илјази Седат, претставник на ЗФК Шкендија Арачиново – добива забрана за вршење функција во траење од три месеци.

  • Дамјан Стојковски, ФК Осогово – забрана за настап на еден натпревар.

  • Кристијан Чурлинов, ФК Шкендија Арачиново – забрана за настап на еден натпревар.

  • Ферди Исмаили, ФК Шкупи 1927 АД – забрана за вршење функција во траење од две години.

  • Ајдари Шкелќим, ЗФК Шкендија Арачиново – забрана за вршење функција три месеци.

  • Даниел Карчески, ФК Брегалница – забрана за настап на два натпревари.

  • Јасир Беќири, ФК Шкендија Арачиново – забрана за настап на два натпревари.

  • Исуфи Авдираман, комесар за безбедност на ЗФК Шкендија Арачиново – забрана за вршење функција во траење од една година.

Покрај индивидуалните казни, Комисијата изрече и строга санкција кон клубот:

  • ЗФК Шкендија Арачиново се казнува со забрана за присуство на публика на четири првенствени или куп натпревари, како и парична казна од 4.000 евра. Казните се изречени поради слаба организација на натпреварот од 13. коло против ФК Брегалница 2008 АД, при што бил констатиран напад врз гостински фудбалер и употреба на пиротехнички средства.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!