Прва лигаФудбал

Васоски: Ако сакаме да бидеме при врвот – мораме да победиме

Сподели
Сподели

Силекс и Арсими денес го отвораат 15. коло од Првата македонска фудбалска лига, а Кратово повторно ќе биде центар на вниманието. Домашниот тим влегува во дербито со респект кон противникот, кој во претходното коло го совлада актуелниот шампион Шкендија и ја потврди одличната форма.

Во кратовскиот табор владее претпазлив оптимизам – свесни се за квалитетот на Арсими, но веруваат дека домашниот терен и целосната фокусираност можат да ја наклонат вагата на нивна страна.

Токму на тоа се надоврзува и шефот на стручниот штаб, Александар Васоски, кој ги упати своите очекувања во пресрет на денешниот дуел.

„Не чека тежок натпревар против Арсими, екипа која ја има мојата почит. Не само поради победата над Шкендија, туку поради фактот што во континуитет игра добро. Играме на домашен терен и можеби тоа не прави благи фаворити, но знаеме дека нема да биде лесно. Меѓутоа ако сакаме да бидеме при врвот мораме да победиме. Сите сме сконцентрирани само кон овој натпревар, и очекувам една квалитетна претстава и победа на Силекс“, рече Васоски.

Силекс ќе брка важни бодови кои би можеле да го задржат тимот во борба за самиот врв, додека Арсими доаѓа охрабрен од големиот триумф во минатото коло. Се очекува цврст, интензивен и резултатски неизвесен дуел во Кратово.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Роденденска победа: Младост славеше, а Жоао Габриел Диас Гекас доби изненадување

Младост Богданци вечерва убедливо го совлада Текстилец со 36:22 во елиминациската фаза од ракометниот Куп на Македонија, но триумфот имаше и дополнителна симболика....

Ракомет

Младост доби нов бисер: 13-годишниот Иванџиков дебитираше и погоди во Купот

Младост Богданци вечерва оствари убедлива победа од 36:22 над Текстилец во првата елиминациска фаза од Купот на Македонија, но резултатот не беше единствената...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Второлигашот Скопје се засили со Душко Трајчевски

Второлигашот Скопје за пролетната полусезона се засили со поранешниот репрезентативец Душко Трајчевски,...

КупФудбал

Силекс сигурен во Кратово, за полуфинале со сензацијата Охрид

Без изненадување во Кратово – прволигашот Силекс со убедливи 0:3 го совлада...

Втора лигаФудбал

Верните „Рибари“ најавуваат огромна поддршка за Охрид на дербито со Шкендија Арачиново

Во сабота на „Билјанини Извори“ се игра големото дерби меѓу двете водечки...

Прва лигаФудбал

Игор Ристов потпиша професионален договор со прволигашот Брера Струмица

Младиот фудбалер Игор Ристов потпиша тригодишен професионален договор со прволигашот АП Брера...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!