Конкуренцијата за тоа кој да биде најдобар стрелец во Првата футсал лига за сезона 2025/2026 ќе биде исклучително силна, но веќе играчот на Проект, Марио Благојевски започнува да се одлепува од конкурентите.
Благојевски во дресот на Проект по пет кола постигна 14 погодоци и со тоа е убедливо најдобар стрелец.
Втор на листата на најдобри стрелци е Мартин Никовиќ, играчот на Клими од Кавадарци постигна 11 гола. Овие два фудбалери се единствените со двоцифрен број на постигнати погодоци.
Трет најдобар стрелец е Ибрахим Алији кој настапува за дебитантот Балкан, Кристијан Ивановски за Осогово од Крива Паланка постигна седум гола, а пак по шест гола имаат Димче Андов од Кеги Моби и Наум Блажевски од Проект.
Досега се постигна два автогола – стрелци во сопствената мрежа се Зекир Зејнели од Шкупи и Кристијан Станојковски од Осогово.