Останато

Филип Маџунков повторно во Белгија – средниот блокер се враќа во Лувен

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Репрезентативниот среден блокер Филип Маџунков по една сезона во матичниот клуб Струмица 47&72 повторно се враќа на интернационалната сцена. Тој потпиша договор со познатиот белгиски тим Лувен, со кој ќе соработува до крајот на сезоната. Маџунков ќе биде значајно засилување за екипата, како во белгиското првенство, каде Лувен во моментов се наоѓа на втората позиција, така и во ЦЕВ Лигата на шампионите.

Во групната фаза од Лигата на шампионите, Лувен ќе се соочи со силни ривали – италијански Лубе Цивитанова, француски Монпеље и полска ПГЕ Варшава. Маџунков денеска официјално ќе се приклучи на тренинзите на тимот и се очекува да дебитира за својот ново-стар клуб веќе во текот на престојниот викенд.

Средниот блокер ја започна својата кариера во Струмица, настапувал и за Вардар, а интернационалниот дел од кариерата го гради со настапи во првенствата на Црна Гора, Италија, Германија, Хрватска, Полска и сега повторно во Белгија. Неговото искуство и квалитет сигурно ќе бидат клучни за амбициите на Лувен оваа сезон

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Останато

Љафтов вицешампион, Ѓоргиев, Николов и Јосифов во битка за титули

Македонските одбојкарски интернационалци продолжуваат со одлични настапи ширум Европа, бележејќи значајни резултати...

Останато

Општина Струга со силна поддршка за спортот: Градоначалникот Менди Ќура оствари средба со претставници на Џудо клубот Дрим

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари средба со претставници на Џудо...

Останато

Ланските финалисти ќе се соочат во полуфиналето, Наковски Волеј против Младост УГД во Купот

Бранителот на титулата Наковски Волеј ќе се соочи со Младост УГД во...

Останато

Спортски дух и силна конкуренција на Државното првенство во Tрадиционално Таеквон-До ИТФ

Во саботата, на 14 март, се одржа Државното првенство во Tрадиционално Таеквон-До...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!