Ракомет

,,Со помош на публиката имаме шанси за победа“ – Моралес го најавува дербито со Вардар!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на Охрид се подготвуваат за еден од најтешките домашни натпревари оваа сезона- во сабота ќе го пречекаат непоразениот лидер Вардар, кој е во серија од тринаесет победи.

Но, исто така, и охриѓани се во добра серија, веќе имаат голема самодоверба и добра кохезија- од ден во ден, сè повеќе растат како тим.

Ова дерби ќе покаже колку домашниот тим е подготвен и мотивиран да се спротивстави на фаворитот. Едно е јасно- ќе биде возбудлив и неизвесен меч.

Еден од главните столбови на Охридската ракометна Тврдина- Шпанецот, Ориол Реј Моралес, на македонски јазик го најави дуелот и истакна дека со поддршка од трибините, тимот има реални шанси за позитивен резултат.

„Вардар е многу тежок тим да се победи. Сега се во добра форма, но и ние имаме добра динамика и не сме истата екипа како пред два месеци. Имаме појасен систем и поголема верба. Ако навивачите дојдат да нè бодрат, имаме големи шанси да победиме.“- изјави Моралес.

Дербито ќе се одигра во салата „Билјанини извори“ оваа сабота, со почеток во 19:30 часот.

Се очекува неизвесна и динамична средба, крај Езерото, каде Охрид ќе се обиде да ја искористи домашната предност и полната сала за да му се спротивстави на лидерот- Вардар.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20...

Ракомет

Картите пуштени во продажба: Охрид ги повика навивачите да бидат „осми играч“ против Олимпијакос

Ракометниот клуб Охрид официјално ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот...

Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!