ИнтернационалциФудбал

Качевски ќе им суди на Хамрун и Линколн Рид, Ставрев контролор во Исланд, Пејковска делегат во Турција

Сподели
Сподели

Македонските судии добиваат доверба од УЕФА да делат правда на европски натпревари. Јован Качевски од Струга на 27 ноември во Малта ќе им суди на Хамрун и Линколн Рид од Гибралтар во натпревар од Конференциската лига.

Негови помошници ќе бидат Дарко Јовчевски од Тетово и Гоце Петрески од Скопје, а четврт судија ќе биде Игор Стојчевски, исто така од Скопје.

Поранешниот најдобар македонски судија Александар Ставрев, ќе биде контролор на натпревар во Исланд, каде ќе се соочат Брејдаблик и Сампсунспор од Турција, во меч од Конференциската лига на УЕФА.

Александар Пејковска ќе биде делегат на мечот во Истанбул меѓу Фенербахче и Ференцварош од Унгарија.

Претходно, како што веќе објави Спортска Мрежа, Влатко Илиоски ќе им суди на ФЦСБ и Академија Пушкаш во младинската Лига на шампиони.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч од 15. коло на ракометната Суперлига. Следете го мечот во живо.

Поврзани написи
ФудбалФутсал

ТАБЕЛА: Проект непоразен на врвот, доста екипи израмнети на средината, Мал Ајакс и Осогово на дното

Конечно се комплетираше Првата футсал лига со сите одложени средби, а со...

ФудбалФутсал

Форца во второ полувреме го доби Клими

Актуелниот шампион Форца со одлично второ полувреме го доби Клими за триумф...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

ФудбалЧетврта лига

Средба Божинов – Илиев: Поддршка за ФК Огражден и нови инвестиции за стадионот во Ново Село

Градоначалникот на општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов, оствари работна средба со претседателот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!