Останато

Штип УГД во Радовиш ќе го пречека Милано во 1/16 финалето од Челинџ купот, реваншот е во Италија

Сподели
ФОТО: ОК Штип УГД
Сподели

Македонскиот одбојкарски претставник Штип УГД ќе биде домаќин во Радовиш на првиот натпревар од 1/16 финалето на Челинџ купот, каде како противник ќе го има силниот италијански тим Милано.

Првиот меч е закажан за 10 декември (среда), со почеток од 19:00 часот, во спортската сала „25 Мај“ во Радовиш, каде Штип УГД ќе се обиде да обезбеди позитивен резултат пред тешкиот реванш во Италија.

Актуелниот носител на македонската куп-титула пред само една седмица со убедливи 3:0 и преку „златен сет“ го елиминираше норвешкиот Кол Ил, со што избори пласман во главната рунда од третото најквалитетно европско клупско натпреварување во организација на ЦЕВ.

Според распоредот на Европската одбојкарска конфедерација, првите двобои од оваа нокаут фаза се играат во периодот од 10 до 12 декември, додека реваншите се закажани веднаш по Нова година – од 5 до 7 јануари.

Реванш-натпреварот во Милано, Штип УГД ќе го одигра на 6 јануари, на Бадник, со почеток од 17:30 часот, во прочуената сала „Центро Павеси“.

Штип УГД ќе се надева дека домашната поддршка во Радовиш ќе биде клучна во битката за пласман меѓу најдобрите 16 екипи во Европа.

Сподели

Не пропуштајте

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid Winter Cup 2026. Клубот во Охрид доаѓа со силна генерација фудбалери...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата сезона од Првата лига жени, откако во дербито од четвртото коло...

Поврзани написи
Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата...

Останато

Узеир прв на ринг, Василев попладне против Норвежанец на Европското во Скопје

Нелсон Узеир е првиот македонски кикбоксер во распоредот за вторник, 10 ноември,...

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во...

Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!