Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денес го заврши настапот на W75 ИТФ турнирот во словачкиот град Трнава, откако во првото коло беше поразена од Јурико Мијазаки со 2-0 во сетови (6:3, 6:3).
Во првиот сет Мијазаки веднаш го одзеде првиот сервис-гем на Ѓорческа и поведе со 3:0. Лина кратко ја врати неизвесноста намалувајќи на 3:2, но противничката повторно направи брејк и го доби сетот со 6:3.
Во вториот сет македонската тенисерка имаше три брејк-топки во четвртиот гем, но не успеа да ги искористи за да ја зголеми предноста. По резултат 3:3, Мијазаки влезе во подобар ритам, освои три последователни гема и го затвори мечот со нови 6:3.
Турнирот во Трнава е со награден фонд од 60.000 долари.