ГРК Охрид го очекува нов предизвик во домашниот шампионат, откако во сабота на „Билјанини извори“ ќе се сретне со лидерот на табелата- Вардар.
„Црвено-црните“ доаѓаат со максимален скор, без ниту еден изгубен бод, што го прави натпреварот дополнително возбудлив за домашната екипа и нивните навивачи.
Голманот на Охрид, Кристијан Пилиповиќ, верува во потенцијалот на тимот и поддршката од трибините.
,, Вардар, во моментов е најдобрата екипа во македонската Супер лига, немаат изгубено ниеден бод. Верувам дека имаме квалитет и навивачи зад нас за да дојдеме до победа против Вардар во сабота. Ќе дадеме сè од себе за тоа да го оствариме. ” – изјави Пилиповиќ.
Натпреварот меѓу ГРК Охрид и РК Вардар 1961 е закажан за сабота, 29.11.2025, со почеток во 19:30 часот во „Билјанини извори“. Се очекува интересна и неизвесна средба, каде Охрид ќе се обиде да го изненади лидерот и да продолжи со позитивната, победничка серија пред своите навивачи.