Ракомет

Вечерва Вардар гостува кај Сесвете во Лигата на Европа!

Сподели
ФОТО: РК Вардар | АРХИВА
Сподели

Вечерва Вардар го очекува нов предизвик во Лигата на Европа- гостување кај хрватскиот тим Сесвете. Натпреварот започнува во 20:45 часот во салата „Јелковец“.

Сесвете се досега пријатно изненадување во ова натпреварување. По поразот од Вардар во Скопје со 32-27 во првото коло, хрватскиот тим остави впечаток со квалитетна игра, што потврди и во дуелите против Кристијанштад и Тулуз.

Вардар моментално е лидер на табелата со шест бода, додека Кристијанштад и Сесвете имаат по пет бода. Сосема е јасно дека трката за првите две позиции, кои водат во ТОП 16, ќе биде неизвесна до самиот крај.

„Црвено-црните“ ќе настапат со цел да ја задржат лидерската позиција и да покажат дека формата од стартот на Лигата на Европа не е случајна.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Како изгледа табелата во Трета лига регион 3 по исфрлањето на Тиверија од натпреварување

Исфрлањето на Тиверија од натпреварување во Трета лига регион 3 поради два неоправдано неодиграни натпревари направи промени на табелата. Екипите кои освојуваа бодови...

Трета лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Тиверија од Струмица исфрлена од Третата лига регион 3, секое коло ќе има слободна екипа

Фудбалскиот клуб Тиверија од Струмица е исфрлен од натпреварувањето во Третата македонска лига – Регион 3, откако по првите пет кола од сезоната...

Поврзани написи
Ракомет

Бојаниќ: Во Куманово не одиме да се предадеме, туку да се бориме и да го дадеме максимумот!

Екипата на Младост во рамките на седмата рунда на Суперлигата ќе гостува...

Ракомет

Лукиќ: Младост знае да се носи со притисокот, очекувам борба до последна секунда во Куманово

Натпреварот со Еурофарм Пелистер 2 е минато, Младост се фокусира на следниот...

Ракомет

Бутел Скопје го почнува европскиот предизвик на гостински терен кај Горица

Европските обврски продолжуваат за Бутел Скопје, кој го очекува двомеч за пласман...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!