Некогашниот второлигаш Кораб од Дебар за пролетниот дел од Трета лига – Југозапад се засилува на голманската позиција, со искусниот Емрах Хани, кој треба да донесе стабилност и сигурност на голот.
Трансферот го потврди и самиот голман за Спортска Мрежа, кој вели дека од пролетниот дел дресот на Велешта го заменува со тој на Кораб.
Екипата од Дебар нема полусезона за пофалба, минатата сезона се бореше за бараж за втора лига, годинава е во долниот дел односно на претпоследното деветто место со седум бодови односно учинок од две победи, едно реми и шест порази.
Емрах како искусен голман ќе треба да помогне во резултатската стабилизација на клубот од Дебар.
34-годишниот голман во минатото беше дел од третолигашот Влазними од Струга, претходно го чуваше голот на Октиси во период од август 2018 до ноември 2021 година.
Во својата кариера Хани беше дел и од Струга Трим Лум, а го чуваше голот и на Фламуртари.
За екипата на Влазними бранеше од ноември 2021 година во неговиот втор престој, бидејќи во првиот престој беше во период од август 2012 до август 2014 година.