Втора лигаФудбал

Како Брегалница може да стане есенски шампион?

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

На две кола до крајот се отвара прашања – кој ќе биде есенскиот шампион во Втората лига? Брегалница е во ситуација после победата над Шкендија Арачиново да биде есенски шампион, за штипјани да бидат есенски шампиони ќе треба да се исполнат неколку услови, некои од овие услови зависат од Брегалница, но некои и не.

Најпрво ќе треба Брегалница на Влатко Костов да го добие Осогово, во таков случај ќе има 33 бодови, или бод повеќе од Шкендија Арачиново која сега има 32 бодови, ако лидерот загуби од Новаци.

Втора опција е Шкендија Арачиново да ремизира со Новаци, а Брегалница да победи, тогаш двете екипи ќе имаат по 33 бодови, но Брегалница ќе биде на врвот, подобар меѓусебен дуел и подобра гол разлика, па со тоа ќе се решава во последното коло, кој нема да направи „кикс“.

Ако Шкендија Арачиново триумфира, тогаш тимот на Љупчо Марковски – Калц ќе биде на врвот и како лидер ќе го дочека последното коло.


Во такви околности на Шкендија Арачиново ќе и треба победа против Каменица Саса, а во случај на било каков „кикс“ било тоа пораз или реми – Брегалница може да бие есенски шампион ако ја добие Победа во Прилеп.

Но, од сенка чека и Охрид, кој има тежок меч против Детонит Плачковица, кој доколку го добие тогаш ќе оди кај Слога Виница, а доколку слави и таму, потоа ќе гостува кај Големо Коњари (тоа е одложениот меч од 12. коло) кој се игра на 3. декември.

Охрид за да биде есенски шампион ќе треба да ги добие до крајот натпревари, но притоа да се надева на кикс на Брегалница и Шкендија Арачиново. Охриѓани влегуваат во истите математики како и штипјани.


Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Утре стартува шестото издание на Втората женска лига: Осум екипи во борба за место во елитата

Утре стартува шестото издание на Втората женска фудбалска лига, во која во сезоната 2026/2027 ќе се натпреваруваат осум екипи. Новата сезона носи интересен...

Ракомет

Панов: Алкалоид е фаворит, но играме дома и сакаме да ги задоволиме сите со нашата игра

Младост со целосен фокус е на мечот од 4. коло на Супер лигата, во Богданци ќе го пречека Алкалоид во обид за изненадување...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Утре стартува шестото издание на Втората женска лига: Осум екипи во борба за место во елитата

Утре стартува шестото издание на Втората женска фудбалска лига, во која во...

КупФудбал

КУП: Арсими ја декласираше Могила со 12 гола, хет-трик на Каба, два гола на Гаје

Прволигашот Арсими обезбеди пласман во осминафиналето од Купот на Македонија откако славеше...

Втора лигаФудбал

Матески и Јахја за три бода на Охрид во Радовиш и прво место, Работнички го доби Тетекс

Охрид е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига откако „рибарите“ славеа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!