Втора женска фудбалска лигаФудбал

Ева Андонова неприкосновена: Најдобар стрелец во Втората женска фудбалска лига!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Со одиграните седум кола официјално заврши есенската полусезона во Втората женска фудбалска лига, а една фудбалерка се издвои убедливо над останатите. Ева Андонова, напаѓачката на Билјанини Извори, беше вистинска гол-машина и со 16 погодоци ја заврши полусезоната како најдобар стрелец во лигата.

Само 19 години има Андонова, а веќе игра на исклучително високо ниво. Нејзините 16 погодоци се четири повеќе од најблиските конкурентки, што ја прави најголемото изненадување и најсветла точка на првиот дел од сезоната.

На делба на второто место се наоѓаат две фудбалерки со по 12 гола:

  • Јована Ѓорѓиоска Блажеска (Порече – Македонски Брод)

  • Мелица Милица Димитриоска (Конзули – Битола)

Следува Стефанија Ристова од Билјанини Извори со 9 погодоци, додека искусната Мила Талеска за Конзули има постигнато 8. Нејзината соиграчка Тамара Нешковска сезоната ја заврши со 7 гола.

Шест погодоци запиша Марија Јулчовска (Билјанини Извори), а по пет гола имаат:

  • Сара Слободанка Димитриоска (Конзули)

  • Сара Матеска (Порече)

По четири погодоци постигнаа:


  • Драгана Гегова (Порече)

  • Ангела Димовска (Конзули)

  • Марија Стојановска (Конзули)

  • Ивана Николоска (Билјанини Извори)

  • Викторија Стојаноска (Билјанини Извори)

Олгица Арсова од Борец се запиша трипати, додека две фудбалерки оваа есен постигнаа автоголови – Магдалена Ѓорѓиева (Борец) и Емилија Трајкоска (Билјанини Извори).


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и...

РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

ФФМ го одржа редовното генерално Собрание

Денеска, Фудбалската федерација на Македонија го одржа своето редовно годишно Собрание. На...

Втора лигаФудбал

ФОТО: Голема победа за Осогово во Радовиш – три гола на Димоски, фаворитите според планот!

Неверојатен меч за Осогово кој со 2:4 преку пресврт славеше во Радовиш...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!