Трета лигаФудбал

Шкендија Арачиново слави во дербито со Фортуна, БВК Коњаре со нов пораз, бод за Куманово!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Осмото коло во Трета лига – Север беше комплетирано денес откако вчера Академија Илинден со минимални 1:0 го доби Њу Старс со голот на Мурати.

Риниа и Куманово ремизираа играјќи без голови 0:0, а пак Башкими Љуботен со 5:0 го декласираше Кадино каде Авдулаи беше стрелец на три гола, а по еден гол постигнаа Јусуфи и Курти.

Еуромилк ГЛ со минимални 1:0 ја доби Пчиња со голот на Богдановски, Шкендија Арачиново со голот на Цаколи славеше во дербито со Фортуна со минимални 0:1.

Ржаничино загуби од Аеродром со резултат од 1:2 во меч каде Вучковски беше стрелец за домаќинот, а за гостинот двоен стрелец беше Пешовски.

Касуми со три гола носи победа за Беса Влазими во дербито со БВК Коњаре од 4:3, а еден гол даде Ајдини. За гостинот Јусуфи беше двоен стрелец, а Алили го постигна третиот гол.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Гостинска победа за Питу Гули, Ултарс со „петарда“ за Росоман, сигурна победа за Борец

Само една гостинска победа во 16. коло на Трета лига – Југ, откако тимот на Питу Гули од Крушево со 0:1 славеше над...

Трета лигаФудбал

ФОТО: „Лисиците“ убедливи на патот кон Втора лига, три бода за Куманово, нов пораз за Кадино

Лидерот Еуромилк ГЛ забележа уште една убедлива победа, откако овој пат со 1:4 славеше над Фортуна како формален гости на својот терен, во...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ФОТО: „Лисиците“ убедливи на патот кон Втора лига, три бода за Куманово, нов пораз за Кадино

Лидерот Еуромилк ГЛ забележа уште една убедлива победа, откако овој пат со...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Рутинска висока победа за фудбалерките на Истатов над Речица

Фудбалерките на Истатов стигнаа до лесна рутинска победа од 0:3 над Речица...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!