Проект во моќно издание го доби Кеги Моби со 6:3, натпревар кој целосно му припадна на голгетерот Марио Благојевски, кој сам го победи велешкиот тим.
Велешани во 5. коло на Првата футсал лига го претрпеа првиот сезонски пораз, а вечерва во Гевгелија само во првиот дел имаше резултатски егал, во вториот дел Проект брзо го реши Кеги Моби.
Благојевски го отвори резултатот во 6. минута од средбата, а о 15. минута Трајче Трајков погоди за 1:1 на полувреме.
Во вториот дел Проект се „распука“ преку Благојевски кои постигна уште четири гола, а во листата на стрелци за домаќинот се впиша и Наум Блажевски. За гостинот Трајков во второто полувреме имаше уште еден гол, а еден гол постигна и Стефан Димовски.

Шампионот Форца воопшто не се испоти и со убедливи 1:6 го декласираше Бутел во гости.
Иљаз Чилафи постигна два гол,а по еден гол постигнаа Таулант Исмаили, Зоран Левески, Елизеир Јосе Линарес Морено и Јесус Алејандро Ривас Миранда.
Клими лесно го доби „фенерџијата“ Мал Ајакс од Штип откако го доби со 4:0 во спортскиот центар „Јасмин“ во Кавадарци. Виктор Аризанов го отвори резултатот во 2. минута, а до крајот на првиот дел хет-трик забележа Мартин Никовиќ. Во вториот дел мрежите мируваа.
Како што веќе објави Спортска Мрежа, дебитантот Балкан го доби Шкупи со 6:8 извештајот од овој меч го имате овде.
Колото се комплетира на 26 ноември со натпреварот меѓу Осогово и Јувентус Серава.