ФудбалФудбалска репрезентација

Македонија има скок од три места и се наоѓа на 69. место на најновата ФИФА ранг листа!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската А фудбалска репрезентација направи скок од три места на најновата ФИФА ранг листа и сега се наоѓа на 69. место. Ваквиот скок од три места се должи на победата на нашата репрезентација над Летонија во Рига од 0:3 и над Ерменија во Ереван од 0:2 во рамки на Лигата на нации.

Од регионот пред над се Албанија која со скок од две места е на 65. место, Грција има скок од шест места за 42. место, Србија е на 33. место, а пак Хрватска останува најдобра односно на 12. место.

Зад Македонија се Босна и Херцеговина како 74-то пласирана, Црна Гора е на 75. место, потоа следува Бугарија која има пад од три места и е на 84. место, како и Косово кој има скок од три места и се наоѓа на 101. место

Пред македонската репрезентација предводена од селекторот Благоја Милевски се два натпревари во Лигата на нации, кои ги играме на домашен терен против Летонија и Фарски Острови, натпревари преку кои треба да го потврдиме првото место во групата.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!