Турнири

Пријавувањата за „Football Winter Mini Cup 2025“ во Богданци – во тек, интересот расте!

Сподели
Сподели

Во Богданци започнува нова фудбалска зимска приказна – Football Winter Mini Cup 2025, турнир кој за првпат ќе се игра на Градскиот стадион и кој ветува вистинска празнична атмосфера и силна конкуренција за генерациите 2013–2018. Пријавувањата се веќе отворени, а интересот од клубовите расте од ден во ден.

Турнирот ќе се одржи од 5 до 7 декември 2025, со јасно распределена програма:
– Петок: генерација 2013 (10+1)
– Сабота: генерации 2014 (7+1) и 2015 (6+1)
– Недела: генерации 2016 (6+1), 2017 (5+1) и 2018 (5+1)

Секоја генерација ќе игра по соодветен формат – од 30-минутно полувреме за 2013, до по 25 или 20 минути за помладите категории, а елиминациските рунди се приспособени според возраста. Генерациите 2013–2016 ќе играат со топка број 5, а најмладите 2017–2018 со топка број 4.

Организаторите пропишаа и минимален број играчи: 12 по тим, освен за 2013 каде максимумот е 15 деца. При гол-аут, играта започнува од земја (освен кај 2018), а топката не смее директно да ја мине средината. За лош старт следи исклучување од 5 минути, со дозволена замена.

Најдобрите екипи и најистакнатите поединци ќе бидат наградени со трофеи и медали, со што турнирот добива дополнителна тежина, особено затоа што ќе се игра во празнична атмосфера и пред многу публика.

За пријавување и информации, клубовите можат да се јават на: +389 77 587 501.

Овој спортски настан за првпат ќе го има како медиумски покровител Спортска Мрежа, која ќе го следи секој ден од турнирот со извештаи, резултати и фотографии.

Football Winter Mini Cup 2025 – турнир што ќе создаде нови фудбалски спомени!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч од 15. коло на ракометната Суперлига. Следете го мечот во живо.

Поврзани написи
Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно,...

Турнири

Пријавувањето за турнирот „Стојаково 2025“ влегува во финиш – побрзајте!

Традицијата продолжува, а интересот расте – остануваат уште само две дена до...

ТурнириФудбал

Пандев и легендите на Македонија ќе настапат на престижниот турнир Куп на Конфедерации во Рим

Поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, заедно со уште неколку...

Турнири

Фудбалска еуфорија – пријавувањето за „Стојаково 2025“ сè уште трае!

Стојаково повторно живее во духот на традицијата и малото место веќе се...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!