Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ана Димитровска убедливо најдобар стрелец во Првата женска фудбалска лига – кои се најдобри стрелци?

Сподели
Сподели

В недела со натпреварот меѓу Кочани и Вардар кој е дерби од дното на табелата ќе се комплетира последното 14. коло за затварање на есенската полусезона.

Но, тој натпревар не го менува фактот дека капитенот на Каменица Саса, Ана Димитровска е убедливо најдобар стрелец во Првата женска фудбалска лига со постигнати 19 погодоци.

31-годишната Димитровска зад себе има одлична есен, а во пролетниот дел неколку фудбалерки ќе се обидат да ја симнат од врвот Димитровска.

Со 14 погодоци втор најдобар стрелец е Емили Митковска, која го носи дресот на Речица, а пак Кристина Петрушевска од Истатов има 12 погодоци и со тоа е на третото место.

Маиан Огочукву Охадиве постигна 11 погодоци за шампионот Љуботне, а пак Туане Де Соуза Фрагосо има десет погодоци за Каменица Саса.

Ажурирано: (20.11.2025)
# Играч Клуб Голови
1 Ана Димитровска ЖФК Каменица Саса 19
2 Емили Митковска ЖФК Речица 14
3 Кристина Петрушевска ЖФК СЦ Истатов 2015 Скопје 12
4 Мариан Огочукву Охадиве ЖФК Љуботен 11
5 Туане Де Соуза Фрагосо ЖФК Каменица Саса 10
6 Меланија Грозданова ЖФК Љуботен 8
6 Рабија Дервиши ЖФК Скопје 2014 8
6 Хава Мустафа ЖФК Љуботен 8
6 Гилхермино Салино Тарантино Ана Беатриз ФК Асс Јунајтед/ЖФК 8
10 Јована Каралиоска ЖФК Скопје 2014 7
10 Елена Симјанова ЖФК Љуботен 7
12 Јулија Живиќ ЖФК Љуботен 6
12 Настасја Накова ЖФК Љуботен 6
12 Розита Пецева ЖФК Тиверија Брера АД 6
12 Веса Села ФК Асс Јунајтед/ЖФК 6
12 Ајури Тераваки ЖФК Љуботен 6
17 Теона Галабовска ЖФК Тиверија Брера АД 5
17 Теодора Далческа ФК Асс Јунајтед/ЖФК 5
17 Александра Марковска ЖФК Љуботен 5
17 Јована Павловска ФК Асс Јунајтед/ЖФК 5
17 Радица Чонева ЖФК СЦ Истатов 2015 Скопје 5

Пет фудбалерки си постигнале автоголови. Александра Јовановска и Ива Новак од Вардар, Христина Гоговска од Кочани, Тамара Давчева од Топ Гол и Стефанија Стојановиќ од Речица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шкендија остана на врвот, но шампионот Вардар е на минус три, станува неизвесно во средишниот дел на табелата

Шкендија успеа да го сочува врвот од табелата по девет кола во Првата лига, откако Струга не успеа да слави над Башкими, но...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Грозд го декласира Банско со 6:1, Готен покажа моќ, Петар Томов со хет-трик за Единство, висока победа за Слога од Злеово

Готен со убедлива победа од 4:1 над Сачево ја отвори сезоната во Општинската фудбалска лига во Струмица. Првото полувреме од мечот кој се...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Башкими го шокира фаворитот Струга Трим Лум и освои големи три бода!

Башкими приреди големо изненадување, совладувајќи ја фаворизираната Струга Трим Лум со 2-1...

Прва лигаФудбал

Малески: Имаме почит против Башкими, но се надеваме на победа и нови три бода

Струга Трим Лум по тринеделната пауза поради репрезентативните обврски се враќа на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!