Прва женска фудбалска лигаФудбал

Костовски ќе им суди на Саса и Истатов, Јанчева на Тиверија Брера и Речица, Смоквоски оди во Битола

Сподели
ФОTO: Спортска Мрежа
Сподели

Денес се играат три натпревари од 14. коло на Првата женска фудбалска лига во Струмица, Битола и Македонска Каменица. Познати се официјалните лица односно судиите кои ќе делат правда.

Тиверија Брера како голем фаворит на домашен терен ќе се соочи со Речица, мечот започнува во 14 часот, а главен судија ќе биде Виолета Јанчева, додека пак нејзини помошници ќе бидат Иван Танев и Снежана Илиевска.

Златко Зафиров ќе биде контролор на мечот кој се игра во Струмица.

Кирил Смоквоски ќе дели правда во Битола каде ќе играат Топ Гол и фаворитот Ас Јунајтед, а негови помошници ќе бидат Ангела Домазетовска и Дино Конески.

Средбата стартува во 13:30 часот, а контролор на истата ќе биде Жарко Тодоровски.

Каменица Саса на домашен терен ќе се соочи со Истатов, а таму главен судија ќе биде Здравко Костовски, додека пак негови помошници ќе бидат Тоше Ицев и Радмила Неркова.

Натпреварот започнува во 13 часот, а Винко Смокварски ќе биде контролор.


Дербито на колото се игра утре во Пржино каде ќе се соочат Скопје и шампионот Љуботен, во битка кој да биде есенски шампион.

14-тото коло ќе се затвори дури во недела со натпреварот кој е дерби од дното на Кочани и Вардар.

За овие два натпревари дополнително ќе бидат делегирани судиите, бидејќи до овој момент нема делегирање.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Голманот Денковски ја затвори босанската епизода, во потрага по нов клуб

Македонскиот голман Давид Денковски повеќе не е дел од екипата на Посушје, откако двете страни постигнаа договор за предвремен прекин на соработката. Иако...

Прва лигаФудбал

Нзенгуе: Шкендија е најдобриот тим во Македонија, борбата за титулата е приоритет!

Новиот напаѓач на Шкендија, Фахд Нзенгуе, не го крие задоволството од трансферот во тетовскиот клуб и јасно ги истакна причините поради кои се...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Голманот Денковски ја затвори босанската епизода, во потрага по нов клуб

Македонскиот голман Давид Денковски повеќе не е дел од екипата на Посушје,...

Прва лигаФудбал

Нзенгуе: Шкендија е најдобриот тим во Македонија, борбата за титулата е приоритет!

Новиот напаѓач на Шкендија, Фахд Нзенгуе, не го крие задоволството од трансферот...

Прва лигаФудбал

Арсими со пораз го отвори подготвителниот циклус во Хрватска

Фудбалерите на Арсими 1973 го одиграа првиот контролен натпревар во рамките на...

Прва лигаФудбал

Шкендија прави промени во ростерот: Белица и Ќака заминуваат од Тетово

Актуелниот македонски шампион Шкендија продолжува со реконструкција на тимот во пресрет на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!