Прва лигаФудбал

Шкендија официјално го промовира Нзенгуе – габонскиот голгетер како нов адут во нападот

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Фудбалскиот клуб Шкендија продолжува активно да се засилува во зимскиот преоден рок, а најново име во редовите на тетовскиот шампион е габонскиот напаѓач Фахд Нзенгуе. Клубот и официјално ја потврди соработката со 25-годишниот офанзивец, кој по успешно минатите лекарски прегледи стави потпис на договор со важност од две и пол години.

Нзенгуе во Шкендија пристигнува од редовите на Брера Струмица, каде што во есенскиот дел од сезоната се истакна како еден од најефикасните напаѓачи во Првата македонска фудбалска лига. На 16 натпревари постигна осум погодоци и додаде две асистенции, потврдувајќи ја одличната форма која ја најави уште во претходната сезона, кога за Брера реализираше шест гола на 14 средби.

Во својата кариера, Нзенгуе настапувал за Мунана во родниот Габон, а европскиот пат го започна во Словенија, каде беше дел од Табор Сежана и Приморје. По период без клуб, неговото доаѓање во Брера се покажа како вистински потег, што сега му донесе трансфер во еден од најголемите македонски клубови. Воедно, тој има и три настапи за сениорската репрезентација на Габон.

Од Шкендија истакнуваат дека Нзенгуе ќе биде дополнителна офанзивна опција во борбата за нови трофеи, а габонскиот напаѓач е второто засилување оваа зима, по претходното ангажирање на Дрилон Ислами од Клуж. Клубот му посака добредојде и многу успех во дресот на „црвено-црните“.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта лига група А откако со убедливи 1:5 го доби Кадино. Игор...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и една гостинска победа со голем број на погодоци. Лозар на домашен...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и...

ФудбалЧетврта лига

Слога со висок триумф против Банско, Сачево извојува победа со ДЕСЕТ гола, Муртино поразен од Струмешница

Сачево ја забележа највисоката победа во 5. коло на Општинската фудбалска лига...

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!