ИнтернационалциФудбал

Голманот Денковски ја затвори босанската епизода, во потрага по нов клуб

Сподели
ФОТО: HŠK Posušje
Сподели

Македонскиот голман Давид Денковски повеќе не е дел од екипата на Посушје, откако двете страни постигнаа договор за предвремен прекин на соработката.

Иако договорот со босанскиот прволигаш беше активен до крајот на сезоната, 25-годишниот чувар на мрежата од Куманово реши шест месеци порано да ја заврши својата авантура во Премиер лигата на БиХ.

Ангажманот во Посушје беше прво интернационално искуство во кариерата на Денковски, кој претходно настапуваше исклучиво во домашниот шампионат.

Во Македонија беше дел од неколку клубови, меѓу кои Вардар, Шкупи, Брегалница, Брера и Кит-Го Пехчево, градејќи континуитет и искуство на прволигашко ниво.

По раскинот на договорот, Денковски моментално е слободен агент и во наредниот период се очекува да донесе одлука за следниот чекор во кариерата, со цел да ја продолжи формата и да добие нов предизвик во 2026 година.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!