Останато

Македонската џудо судијка Катерина Николоска беше дел од Гранд При турнирот во Загреб

Сподели
ФОТО: Јудо федерација на Македонија
Сподели

Нашата џудо-судијка Катерина Николоска викендов беше дел од Гранд При турнирот во Загреб, кој е составен дел од Светската интернационална џудо-тура. На овој престижен турнир учествуваа повеќе од 400 натпреварувачи од целиот свет.

Катерина повторно се претстави одлично со извонредно делење на правдата. Секој ден беше делегирана да суди во финалниот блок – што претставува огромна чест и големо признание за нејзината судиска кариера.

ФОТО: Јудо федерација на Македонија

Ова за неа беше еден од најзначајните турнири сезонава во рамки на светската тура, со кој ја заокружи годината со две големи достигнувања:
• стана дел од Светската интернационална судиска џудо-тура,
• го судеше своето прво Светско првенство.

Покрај тоа, оваа година ја делеше правдата и на два од најголемите настани организирани од Македонската џудо-федерација – Европското кадетско првенство и Европскиот младински олимписки фестивал одржан во Скопје.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид и Брера Струмица заврши со без победник со четири постигнати погодоци...

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш во дуелот со Брегалница, додека Силекс повторно остана без победа, откако...

Поврзани написи
Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Штип УГД испиша нова историја: Освоен „Чајка“ Супер купот откако штипјани го „прегазија“ ГОК Борец

Штип УГД е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија во машка...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!