Трета лигаФудбал

ФК Карбинци: Управата на Победа од Валандово покажа како треба да се однесуваме при пречекувањето на гостинските екипи

Сподели
Сподели

Победа Валандово ја продолжи успешната серија и како апсолутен лидер во Трета лига – Исток славеше со 1:0 против цврстиот состав на Карбинци, во натпревар од 10. коло одигран пред верната валандовска публика. Иако домаќините беа фаворити, гостите покажаа борбеност, но еден момент пресуди и Победа го задржа својот непоразен статус.

Она што остава особено позитивен впечаток е реакцијата на ОФК Карбинци по натпреварот. И покрај поразот, клубот јавно му честиташе на противникот за победата, а воедно објави и редок позитивен пример за фер однос и беспрекорно домаќинство, упатувајќи благодарност до Победа Валандово.

Во продолжение следува целосното соопштение на ФК Карбинци:

„Натпреварот од десеттото коло на Тратата фудбалска лига Исток во Валандово, помеѓу Победа и ОФК Карбинци, заслужува да се одбележи и од еден друг аспект. За разлика од некои натпревари каде што на нашата екипа не и беше овозможувано да се доближи до паркингот пред службените простории со возилата, управата на Победа од Валандово покажа како треба да се однесуваме при пречекувањето на гостинските екипи. Од комуникацијата пред натпреварот, преку пречекувањето на екипата, заеднички ручек, логистика при пристигнување на стадионот – комплетно перманентна комуникација и грижа и за безбедноста и за чувството на добредојденост.

На теренот и за време на натпреварот, нормално, борба за секоја топка, навивање за својата екипа, реакции на судиски одлуки, онака како што се навива за својот клуб.

И ако на пример за секоја екипа не е изводливо гостите да ги пречека со ручек, бидејќи тоа зависи од буџетот со кој располага самиот клуб, од дарежливоста на спонзорите, за се друго – пречекот, безбедноста, комуникацијата, не е пресуден буџетот. Овде сите клубови може да бидеме многу подобри, да се трудиме да негуваме добри меѓу клупски односи, да овозможиме сите наши гостински екипи да се чувствуваат безбедно и пријатно.

ОФК Карбинци упатува благодарност од ФК Победа Валандово за приемот и пречекот на вчерашниот натпревар, тоа е пример кој треба да се следи.“

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш во дуелот со Брегалница, додека Силекс повторно остана без победа, откако...

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

Прва лигаФудбал

Темелков: Тиквеш е незгоден на свој терен, но имаме квалитет и веруваме во себе

Во серија од два меча без пораз е тимот на Брегалница во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!