Трета лигаФудбал

Влазними есенски шампион – Могила пресилна, Алимоски блеска со нови голови

Сподели
ФОТО: Екипата на ФК Могила
Сподели

Могила ефикасно го „среди“ Демир Хисар со убедливи 6:1, славејќи висок триумф во рамки на деветтата рунда од Трета лига – Југозапад.

Во првиот дел Хакан Алимоски, најдобриот стрелец во лигата, и Александар Кочишки донесоа водство од 2:0. Во продолжение Могила беше уште посилна – Алимоски и Кочишки постигнаа уште по еден гол, а прецизни беа и Оливер Даралиовски и Дарио Бендеровски. За гостите погоди Виктор Ѓорѓиовски во 70. минута за конечни 6:1.

Во Ношпал немаше фудбал – Напредок доби службени три бодови (3:0) против Велешта, која не се појави по 30-минутно чекање.

Во Дебар трите бодови останаа дома – Кораб славеше со минимални 1:0 благодарение на голот на Крешник Врлаку, постигнат во 80. минута против Света Троица.

Влазними е новиот есенски шампион, откако на домашен терен со 3:1 го совлада Кравари. Стружани поведоа рано – Самед Кадриоски погоди во 8. минута, а Фабиан Коџаџику во 15. минута удвои за 2:0. Во вториот дел Темур Емини намали на 2:1, но само две минути подоцна Денис Шадов ги постави конечните 3:1.


Поранешниот второлигаш Караорман направи пресврт и славеше против Славеј Мешеишта со 2:1. Гостите поведоа рано преку Антонио Ќитаноски, но во 82. минута несреќниот автогол на Валентин Ѓорѓиески го врати Караорман во игра. Во 86. минута искусниот Игор Клечкароски донесе целосен пресврт и важни три бода.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД Форма
1 ФК ВЛАЗНИМИ 8 7 0 1 27 14 +13 21
2 ФК КРАВАРИ 9 5 2 2 16 6 +10 17
3 ФК КАРАОРМАН 8 5 1 2 18 11 +7 16
4 ФК Могила 2023 8 4 3 1 24 10 +14 15
5 ФК СЛАВЕЈ с.Мешеишта 9 4 2 3 20 16 +4 14
6 ФК ДЕМИР ХИСАР 9 4 1 4 18 22 -4 13
7 ФК КОРАБИ 9 3 1 5 7 19 -12 10
8 ФК СВЕТА ТРОИЦА 2021 7 2 1 4 9 13 -4 7
9 ФК НАПРЕДОК с.Ношпал 9 2 1 6 17 24 -7 7
10 ФК Велешта Унитед (-3) 8 0 0 8 5 26 -21 -3


Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Иљами Исејни го објави списокот на фудбалери за двата контролни дуели со Кипар U16

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години на 9 и 11 декември ќе одигра две контролни средби против своите врсници од Кипар. Двата меча...

ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица, Илија Илиев – Рома, претставник на...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на...

ФудбалФутсал

ТАБЕЛА: Проект непоразен на врвот, доста екипи израмнети на средината, Мал Ајакс и Осогово на дното

Конечно се комплетираше Првата футсал лига со сите одложени средби, а со...

ФудбалФутсал

Форца во второ полувреме го доби Клими

Актуелниот шампион Форца со одлично второ полувреме го доби Клими за триумф...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!