Европската ракометна федерација ги потврди официјалните лица за дуелите од третото коло во ЕХФ Европскиот Куп, каде единствен македонски претставник остана Охрид, откако Бутел Скопје и Тиквеш ја завршија европската авантура.
Охрид во оваа фаза ќе се соочи со босанската Слога Добој. Првиот натпревар ќе се игра на 16 ноември во 18:00 часот во салата „Билјанини Извори“, а задачата да го водат мечот им е доверена на словенечките судии Озрен Бацковиќ и Мирко Палацковиќ. Делегат на дуелот е Радош Ракочевиќ од Црна Гора.
Реваншот е закажан за 22 ноември, исто од 18:00 часот. На теренот во Добој ќе судат Шпанците Хесус Алварез и Мигел Сорија, додека улогата делегат ќе ја има Унгарецот Гергељ Ватај.