Ракомет

Стојменов: „Подготвени сме за дерби – жешката атмосфера ќе ни биде мотив, не притисок“

Сподели
ФОТО: РК Драчево Јуниор
Сподели

Утре во салата „Млаз“ во Богданци се игра едно од најголемите дербија сезонава во Првата ракометна лига, каде непоразениот лидер Младост ќе го пречека директниот конкурент Драчево Јуниор – дуел меѓу два тима со јасна цел: пласман во Суперлигата.

Пикерот на Драчево Јуниор, Александар Стојменов, за Спортска Мрежа истакнува дека неговиот тим во дербито влегува максимално подготвен и со силна желба за победа.

„Атмосферата во соблекувалната е одлична. Тимот е мотивиран, фокусиран и сите знаеме колку ни значи ова дерби. Трениравме добро цела недела, ги анализиравме деталите и сме подготвени да дадеме максимум. Влегуваме со голема желба и со јасен план што треба да направиме на теренот“, вели Стојменов за Спортска Мрежа.

Салата во Богданци се очекува да биде исполнета до последното место, но Стојменов уверува дека тоа нема да биде пречка за неговиот тим.

„Знаеме дека атмосферата ќе биде жешка, но такви натпревари се најубавите за играње. Публиката може да создаде притисок, но ние сме фокусирани на нашата игра и на договореното. Наместо да ни пречи, ќе ја искористиме таа енергија како дополнителен мотив да одиграме уште подобро“, нагласува пикерот на Драчево Јуниор во изјава за Спортска Мрежа.

Драчево Јуниор ќе се обиде да стане првиот тим што ќе го сопре победничкиот низ на Младост, додека домаќините, пред полни трибини, ќе целат кон продолжување на својата перфектна сезона. Сè е подготвено за дерби кое ветува висок интензитет, голема борба и ракометна атмосфера за паметење.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!