ИнтервјуМагазинРакомет

ИНТЕРВЈУ | „Верувам во мојот тим и во нашиот квалитет“- Борис Ројевиќ пред дуелот со Добој

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометната еуфорија во Охрид не стивнува. По маестралната победа над Алкалоид (28:24) на домашен терен, навивачите се подготвени за нова доза адреналин – двомечот со Слога Добој во Европскиот ЕХФ Куп го буди градот. Тимот од Охрид оди со самодоверба, обединет и полн со енергија, а секој тренинг и секој потег на теренот ја зацврстува верата дека оваа сезона може да биде историска. Поддршката од трибините и борбениот дух на играчите создаваат атмосфера која инспирира и мотивира – идеална за мини-интервју со стратегот Борис Ројевиќ.

Борис Ројевиќ, српскиот стратег со искуство во националната репрезентација и клубови како РК Војводина, ја презеде клупата на ГРК Охрид со јасна цел – амбициозна и стабилна игра на теренот. Победата над Алкалоид со 28:24 покажа дека екипата се движи во вистинската насока, а вниманието сега се префрла кон двомечот со Слога Добој во Европскиот ЕХФ Куп.

Спортска Мрежа разговараше со стратегот на Охрид во пресрет на новиот европски предизвик против тимот од Босна и Херцеговина.

ФОТО: ГРК Охрид
  • Колку сте задоволен од досегашната прикажана игра на вашите момци, како во Супер лигата, така и во ЕХФ Купот, со оглед на тоа дека сте нова екипа и ви беше потребно време за да се воиграте?

– Навистина сум многу задоволен од пристапот на играчите, и на тренинзите и на натпреварите. Секогаш се на максимум. Иако од самиот почеток ги загубивме Јотиќ и Веин, кои беа стартери и важен дел од тимот, момците покажаа карактер и продолжија во ист ритам. Екипата расте од натпревар до натпревар и тоа особено ме радува.

  • Какви се Вашите очекувања за двомечот со Слога Добој од Европскиот ЕХФ Куп?

– Моите очекувања секогаш се исти – одиме на победа и пласман понатаму. Ја почитуваме Слога Добој, но верувам во мојот тим и во нашиот квалитет.

  • Каква атмосфера владее во соблекувалната пред овие два нови предизвици од Ехф Купот, особено сега- после маестралната победа над Алкалоид во Супер Лигата?

– Атмосферата во соблекувалната е одлична. Владее заедништво, голема енергија и задоволство по победата над Алкалоид. Таа победа ни донесе дополнителен импулс, но остануваме фокусирани на претстојните предизвици.

  • Што сметате дека ќе биде клучно за да ги добиете тие два меча- офанзивата, дефанзивата, или пак, тимскиот дух и домашниот терен?

– За нас одбраната секогаш е клучот. Кога сме цврсти и компактни во дефанзива, сè друго доаѓа многу полесно. Се разбира, важни се и тимскиот дух и домашниот терен, но темелот е добрата одбрана.

  • Што би им порачале на навивачите на Охрид пред мечот со Слога Добој во недела?

– Ги повикувам нашите навивачи да дојдат во што поголем број и да ги поддржат момците. Тие со својот труд и залагање апсолутно го заслужија тоа, а нивната поддршка секогаш ни е дополнителна сила.

Со Ројевиќ на чело, Охрид гради нова ера – стабилна игра, борбен дух и силна поддршка од трибините. Победата над Алкалоид ја покажа решителноста на тимот, а следниот чекор е двомечот со Слога Добој, каде секој фактор – од одбраната до тимскиот дух – ќе биде пресуден.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Пројковска на центарот во Радовиш, Јовановски ќе им суди на Саса и Новаци, Ѓоргиев оди во Струмица

Со седум натпревари в сабота ќе се отвори 21. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори в недела со еден...

Младински фудбалФудбал

Кадетите на Вардар подобри во дербито против Работнички

Во дербито од 20. коло во Кадетската Супер лига, Вардар го совлада Работнички со 4:1 и го преземаа водството на табелата во оваа...

Поврзани написи
Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

Ракомет

Охрид и Олимпијакос со заедничка одлука: Без гостински навивачи во четвртфиналето од ЕХФ Купот

Ракометниот клуб Охрид излезе со официјално соопштение до јавноста во пресрет на...

Ракомет

Словачка со сигурен чекор кон Македонија, Украина поразена во првиот дуел – 11 гола на Турченко

Започна бараж-фазата за пласман на Светското ракометно првенство 2027, а вниманието во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!