Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Како Десниќ и Трпески го „урнаа“ Вардар Неготино на „Цвај арената“ во финишот!

Сподели
Сподели

Лидерот Шкендија Арачиново потешко од очекуваното славеше на „Цвај арената“ каде во самиот финиш од мечот преку пресврт го доби Вардар Неготино со резултат од 1:2.

Најзаслужни за големиот пресврт се искусните Дарио Десниќ и Љупчо Трпески кои во финишот од мечот погодија кога најмногу беше потребно – триумф и нови три бодови за тимот од Арачиново, кој останува и натаму единствениот непоразен второлигаш.

Домаќинот преку Мартин Младеновиќ во 70. минута го отвори резултатот за водство од 1:0 и имаше предност само девет минути, кога Дарио Десниќ погоди за 1:1.

Во самиот финиш од мечот кога сите мислеа дека бодовите ќе се поделат, Љупчо Трпески погоди во 95. минута за „смрзнување“ на домашните навивачи – неговиот гол ги донесе трите бодови на контото на Шкендија Арачиново, а тоа предизвика ерупција на делот од трибината каде беа навивачите на лидерот во Втората лига.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Голем хуман гест за голем јубилеј: Фудбалската школа „Еден на Еден“ од Могила слави 15 години со добротворна акција!

Фудбалската школа „Еден на Еден“ од Могила одлучи својот 15-годишен јубилеј да го одбележи на посебен начин – наместо со традиционална прослава, младите...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Каранфиловска и Коловска за важни три бода: Истатов го совлада Кочани, кој остана „закован“ на дното

Фудбалерките на Истатов го совладаа Кочани со 2:0 во последниот натпревар од 11. коло на Првата женска фудбалска лига. Ања Каранфиловска и Андреа...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Елмас влезе кога Аталанта веќе губеше со 0:3: Парма го реши мечот пред неговото влегување

Елиф Елмас доби шанса во последните триесетина минути, но Аталанта веќе беше...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!